ФОТО | „Тој командува каде да се оди и што да се прави“: Снаата на Новак Ѓоковиќ се огласи од Дубаи, откри како го поминуваат времето
Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, и неговата сопруга Сашка Веселинов станаа родители на синот Александар пред две години. Семејството во моментот живее во Дубаи, а Сашка често споделува моменти од своето секојдневие на социјалните мрежи, покажувајќи го нивниот луксузен семеен животен стил.
Препорачано

„Бидејќи ја укинавме количката пред една година (и тоа беше една од најдобрите одлуки), затоа што детето е активно на нозе цел ден. Меѓутоа, денеска го најде својот стар автомобил во магацинот, го надрасна уште одамна, но тоа сега воопшто не му пречи. Како и обично, тој командува каде да се оди и што да се прави, само сега во многу поудобна варијанта“, напишала Сашка.
Да потсетиме, Сашка неодамна го прослави својот 26-ти роденден, а својот посебен ден го помина во кругот на своите најблиски пријатели. Таа сподели фотографии со својот сопруг Ѓоковиќ и синот на Инстаграм, покажувајќи топла семејна атмосфера.

Особено прекрасен момент бил кога ги покажала прекрасните подароци што ги добила, меѓу кои се издвојувал огромниот букет што ѝ го подарил нејзиниот син.

View this post on Instagram
Во септември 2022, братот на светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе во Црна Гора стапи во брак со својата девојка Сашка Веселинов, само неколку недели откако ја запроси на Калемегдан.
ФОТО+ВИДЕО | Ѓорѓе Ѓоковиќ ја запроси својата сакана Сашка на Калемегдан
ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ стана чичко: Најмладиот брат на тенисеркиот ас доби син


