Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски

ФОТО | Столе Димитриевски се ожени: Македонскиот голман и Ирина кажаа „да“ на интимна церемонија во Шпанија

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, заплови во брачните води со својата долгогодишна љубов Ирина. Парот организираше интимна венчавка во Шпанија, далеку од очите на јавноста, во присуство на најблиските пријатели и семејството.

Иако церемонијата била скромна, атмосферата била полна со емоции и елеганција. Ирина блескала во сатенски венчален фустан кој совршено ја следи линијата на телото, комбиниран со бела крзнена наметка и бидермаер од нежни рози.

Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски

Димитриевски, кој често привлекува внимание со својот впечатлив моден стил, за овој посебен ден избра црн костум со два реда копчиња и бела кошула – едноставна, но беспрекорно елегантна комбинација.

На Инстаграм, двојката сподели неколку фотографии од свечениот ден – пред општинската зграда, во дворот на нивната куќа и во ресторан, каде што се наздравувало за почетокот на новото поглавје.

Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски
Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски
Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски
Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски
Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски
Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот