ФОТО | Совршен викенд: Тамара Тодевска и нејзината мајка Брана уживаат во живописниот Истанбул

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Вистинско уживање е кога Тамара Тодевска споделува забавни содржини на својот инстаграм – профил, особено од семејните моменти. Пејачката работа со полна пареа, а викендите ги користи да помине квалитетно време со семејството.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Овој викенд пејачката го искористи да отпатува во прекрасниот Истанбул во друштво на нејзината мајка Брана. Кој барем еднаш го посетил овој град, бил маѓепсан од неговиот шарм.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Истанбул е еден од најубавите и волшебни градови во светот, каде милиони луѓе си ги живеат своите секојдневни животи. Тој е неверојатна мешавина на култури со многу фин и гостопримлив народ.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Една од неговите главни обележја е тоа што овде е тешко да се направи разлика меѓу класите во општеството. Тоа е град каде сите се сиромашни и сите се богати.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Пејачката сподели неколку фотографии на својот инстаграм – профил од местата кои ги посетиле, а под објавата следеше лавина со желби за убав викенд и бројни комплименти за двете прекрасни дами.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот