ФОТО | Шилегов: Чаир го развиваме како никогаш порано, продолжуваме уште посилно

Петре Шилегов во Чаир
Петре Шилегов на средба со граѓани во Општина Чаир / Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за втор мандат на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Петре Шилегов вечерва на средби со граѓани во Општина Чаир зборуваше за завршените, но и идни проекти во оваа општина и за прашања што се од значење на чаирчани.

– Изминатите четири години, во овој дел од Скопје вложуваме како никогаш досега. Ако во минатото Чаир беше заборавено од градските власти, денес оваа општина се развива паралелно и забрзано со останатите скопски општини. Во Чаир, ја завршивме реконструкцијата на улиците „Кемал Сејфула”, „Втора Македонска Бригада”, „Македонско-Косовска Бригада”, „Џон Кенеди” и бул. „Крсте Петков Мисирков”, рече Шилегов.

Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Изградивме, додаде, два нови булевари, „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, го проширивме и доградивме бул.„Никола Карев“ (Пластичарска) и направиме нов кружен тек во Чаир на улицата „Кемал Сејфула“.

– Општина Чаир денес има нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари во должина од 16 000 метри (од кои 5700 метри се нови тротоари). Извршена е и целосна реконструкција и опремување на училиштето Цветан Димов, како и набавени се прочистувачи на воздух за секоја училница. Ниту зеленилото не беше изоставено во оваа општина, напротив, засадени се над 1700 нови садници и уредени се над 63 000 метри квадратни јавни зелени површни, посочи Шилегов.

Петре Шилегов во Чаир
Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Извор: МИА

ВИДЕО | Поддршка за Шилегов од градоначалникот на Подгорица: Скопје се движи во вистинска насока

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот