Шилегов: Стопанските субјекти во Град Скопје секогаш ќе имаат партнер подготвен да излезе во пресрет на нивните барања

Петре Шилегов и Бранко Азески
Петре Шилегов и Бранко Азески / Фото: Фејсбук, Петре Шилегов

Стопанските субјекти во Град Скопје секогаш ќе имаат бизнис партнер подготвен да излезе во пресрет на нивните барања, бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка можеме полесно да се справиме со претстојните економски предизвици, но и заеднички да работиме на зајакнување на целокупната економија и креирање оптимална бизнис клима во Скопје, рече градоначалникот и кандидат од СДСМ за Скопје на претстојните локални избори, Петре Шилегов на денешната средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија.

Тема на разаговорите беа економските предизвици во време на ковид-пандемијата.

Шиелгов истакна дека корона кризата не ги запре инфраструктурните и градежни активности на Град Скопје, напротив, како што рече, продолжија со засилено темпо.

– Одличните финансиски резултати на Градот пред почетокот на пандемијата овозможија да нема рестрикции во планираната изградба и реконструкција на градската инфраструктура. Град Скопје донесе неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата, со откажувањето од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси, закупот на јавен простор,… Овие мерки ги спроведовме со цел да ослободиме повеќе пари во економијата, инвестирајќи најмногу во домашниот градежен сектор кој е одговорен за голем број вработени и учествува со сериозен дел во БДП на Република Северна Македонија. Сакаме да ги сочуваме сите работни места во десетиците стопански гранки кои ги обединува градежништвото, нагласи Шилегов на средбата.

Според него, развојот на сообраќајната инфраструктура во градот нема и не смее да запре.

– Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај за нашите граѓани. На тој начин директно се придонесува за намалување на економската криза, не само во Скопје, туку и во целата држава. Ова го правиме за доброто на сите нас, рече Шилегов, дополнувајќи дека кризата ќе помине, а градот ќе продолжи да се развива.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот