ВИДЕО | Поддршка за Шилегов од градоначалникот на Подгорица: Скопје се движи во вистинска насока

Петре Шилегов Иван Вуковиќ
Петре Шилегов и Иван Вуковиќ / Фото: Скриншот, Фејсбук

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објави дека заедно со неговиот колега и одличен пријател, градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ, продолжуваат да разменуваат искуства и да ги развиваат извонредните меѓусоседски односи.

– Неколкупати во изминатите години го посетив Скопје и сведок сум на оваа позитивна трансформација што ја има во Скопје, на инфраструктурниот развој и можам да потврдам дека Скопје го има еден од најдобрите градоначалници од овој дел на Европа, со видливи и мерливи резултати, вели Иван Вуковиќ.

– Најдраго од сѐ ми е што заеднички се согласуваме дека Скопје се движи во вистинска насока и дека заедно со Подгорица овие градови и во иднина можат да бидат пример за тоа како се имплементираат исправни градски политики, вели Шилегов.

Тој по повод заедничката средба укажува дека еден регион е силен онолку колку што се силни врските и континуитетот на пријателствата меѓу државите кои го сочинуваат.

Извор: МИА

ФОТО | Шилегов: Чаир го развиваме како никогаш порано, продолжуваме уште посилно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот