ФОТО | Само по гаќи: Шер сподели фотографија од 40 години помладиот дечко

Фото: Профимедиа

Пејачката и актерка Шер (76) сподели на Твитер нова фотографија од своето 40 години помладо момче Александер Едвардс (36), на која тој позира во боксерки и напиша: „Ова им изгледа чудно на другите, дури и мене, но љубовта не познава математика“.

Една корисничка на оваа социјална мрежа ја прашала кои се најдобрите особини на нејзиниот нов партнер, а американската пејачка одговорила дека таа и нејзиниот 36-годишен дечко се „бакнуваат како тинејџери“.


„Тој е љубезен, паметен, смешен и се бакнуваме како тинејџери“, напишала Шер за Едвардс, со кој се забавува речиси два месеци, откако го запозна за време на Модната недела во Париз.


Шер претходно на Твитер ја потврди врската со помладиот музички продуцент Александер Едвардс. Таа пред неколку дена сподели фотографија од новиот партнер и напиша дека тој ја третира „како кралица“. Пејачката откри и дека веќе го запознала со своето семејство.

Да потсетиме, Шер двапати се разведуваше и има син Чаз Боно (53) со покојниот поранешен сопруг Сони Боно, како и Елија Блу Алман  (46) со покојниот поранешен сопруг Грег Алман.

Музичкиот продуцент инаку има дете со старлетата Амбер Роуз, тригодишниот син Слеш, но парот се раздели откако Александер бил фатен во неверство.

ВИДЕО | Шер има ново момче: Пејачката ужива во друштво на 40 години помлад продуцент

Шер го понуди својот дом во Малибу за украинските бегалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот