ВИДЕО | Шер има ново момче: Пејачката ужива во друштво на 40 години помлад продуцент

Фото: Профимедиа

Познатата американска пејачка и актерка Шер (76) предизвика бројни реакции кога се појави во јавност, држејќи се за рака со поранешното момче на Амбер Роуз, Александер Едвардс.

Шер била фотографирана во друштво на 36-годишниот музички продуцент додека оделе на вечера во познат ресторан во Холивуд.

Во еден момент, Едвардс бил забележан како нежно ѝ ја бакнува раката на пејачката додека биле во автомобилот.

Музичката икона носела целосно црн комплет кој се состоел од широки панталони, топ со ремен, долг капут и чизми, а се чини дека Александер ја усогласил својата облека со Шер, изгледајќи елегантно во црна кожна кошула и панталони, во комбинација со црн капут.

Коментарите биле разни – има такви кои го поддржуваат парот до луѓе кои пишувале дека Шер има повеќе пластика на себе од сите Кардашијанки заедно.

Музичкиот продуцент инаку има дете со старлетата Амбер Роуз, 3-годишниот син Слеш, но парот се раздели откако Александер бил фатен во неверство.

Шер беше во брак со Сони Боно (1964-1975) и Грег Алман (1975-1979) и има две деца, а се забавуваше и со Том Круз, Вал Килмер и други

„Мажите не се потреба, тие се луксуз“, изјави легендарната пејачка во една прилика, а кога нејзината мајка ѝ рекла дека еден ден ќе пронајде и ќе се омажи за богат маж, Шер ѝ одговорила: „Мамо, јас сум богат маж!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот