Имиграциската полиција пукаше и повреди две лица во Мериленд/Фото: Икс

ФОТО | САД: Имиграциската полиција пукаше и рани двајца луѓе во Мериленд

Припадници на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) беа вклучени во инцидент со пукање во Мериленд, во кој беа повредени две лица, од кои едно полесно, соопштија властите.

Полицијата спровела операција за апсење на двајца мажи кои нелегално престојувале во Соединетите Држави во градот Глен Берни, јужно од Балтимор, соопшти Министерството за внатрешна безбедност, во кое е вклучена и ИЦЕ.

Кога полицајците се приближиле до комбе во кое се наоѓале двајцата мажи, возачот го удрил возилото во автомобил на ИЦЕ и се обидел да ги прегази, соопшти одделот преку Икс.

Реагирајќи во „одбрана“, полицајците „го употребиле службеното оружје, повредувајќи го возачот“, информира министерството. Комбето се удрило во дрво, при што и патникот бил повреден. Двајцата биле однесени во болница.

Според извештајот на Еј-би-си, човекот кој бил повреден од куршуми е во стабилна состојба.

Агентите позитивно го идентификуваа возачот на комбето како Тијаго Александар Соуса-Мартинс, нелегален имигрант од Португалија. На совозачкото седиште седеше Соломон Антонио Серано-Ескивел, нелегален имигрант од Ел Салвадор.

Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на Белата куќа, ја нарече употребата на возила оружје против офицерите на ИЦЕ „домашен тероризам“.

Федералните полицајци беа вклучени во низа инциденти од ваков карактер во контекст на спроведувањето на политиката на републиканскиот претседател на САД, Доналд Трамп, за масовни депортации на нелегални имигранти, како и во судири со граѓаните кои демонстрираа во знак на протест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот