ФОТО: „Проклетството“ се пренесува на Италијанците, Англија сигурна дека ќе го освои трофејот

Фото: EPA-EFE/Matt Dunham

Во англиската репрезентација владее голема еуфорија пред последниот натпревар на Европското првенство во фудбал, а истата се продлабочува со веста за тоа каде се наоѓа репрезентацијата на Италија пред најважниот меч на шампионатот.

Италијанците денеска пристигнаа во Англија, каде требаше да го одработат тренингот вечерва, а се наоѓаат ни помалку ни повеќе во тренинг кампот на Тотенхем, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Тотенхем е познат како клуб кој никогаш не освојува трофеи, па домашните англиски навивачи се надеваат дека „проклетството“ може да биде пренесено во репрезентацијата на Италија, која утре поради него би требало да остане без трофеј.

Но, суеверие е една работа, а реалноста друга, Италијанците досега покажаа агресивна и офанзивна игра во текот на целиот турнир, па соништата на Англичаните за проклетството кое ги следи „Спарси“ може да се урнат како кула од карти кога играчите на Роберт Манчини ќе истрчаат утре на стадионот „Вембли“.

Големото финале на ЕП помеѓу Англија и Италија ќе се игра в недела со почеток од 21.00 часот во Лондон.

ВИДЕО: Не може без ритуалот кој им донесе среќа на Италијанците на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот