ФОТО | Принцот Вилијам ѝ оддаде почит на покојната мајка Дијана, а потоа ја спомна и Кејт Мидлтон: „Таа ме научи…“

Фото: Arthur Edwards / Avalon / Profimedia

Принцот Вилијам синоќа присуствуваше на доделувањето на наградите Дијана Легаси (Diana Legacy) во Научниот музеј во Лондон, каде што ги доделува наградите во спомен на неговата мајка принцезата Дијана. Тој на церемонијата зборуваше за неа, како и за неговата сопруга Кејт Милдтон, која се опоравува по операцијата во Лондон пред два месеци. Принцезата од Велс се соочува со голем скандал поради фотошопираната фотографија од неа со нејзините деца која беше објавена минатата сабота.

На синоќешната церемонија, принцот Вилијам им рекол на победниците дека ги „води храброста, сочувството и посветеноста, квалитети што ги има неговата мајка“.

Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

Принцот Вилијам, исто така, ја спомнал и својата сопруга Кејт Мидлтон.

„Таа ме научи дека секој има потенцијал да возврати нешто, да им врати на другите, дека секој заслужува подадена рака во животот.

Вечерашното доделување на наградите „Легаси“ (Legacy) е осоебно посебно, бидејќи ја одбележува 25-годишнината од добротворната организација која беше основана за да го одразува уверувањето на мојата мајка дека младите луѓе можат да го променат светот.

Фото: Arthur Edwards / Avalon / Profimedia

Знам дека ќе би ѝ било чест да ја види добротворната организација посветена на неа, која работи толку инспиративно за поддршка на младите луѓе од целиот свет. Кетрин и јас се трудевме преку нашата работа да се фокусираме на тоа наследство, како и 50.000 млади луѓе кои ја добија наградата Дијана во изминатите 25 години.

Толку сум горд што гледам дека тоа уверување на мојата мајка се манифестира во неверојатните млади луѓе кои вечерва ја примаат наградата „Легаси““, пишува „Дејли мејл“.

Ова е уште едно појавување на принцот Вилијам додека продолжува скандалот насочен кон неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Фото: Arthur Edwards / Avalon / Profimedia

ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот