Серафим фон Хабсбург-Лотаринген - Фото: Инстаграм

ФОТО | Потомокот на Хабсбурзите прогласен за најубав келнер на Октоберфест

Името на Серафим фон Хабсбург-Лотаринген одекна низ Германија, овој 22-годишен потомок на славната царица Сиси преку ноќ стана интернет-ѕвезда. Откако го сними својот работен ден како келнер на Октоберфест, младиот благородник беше прогласен за „најубав маж на фестивалот“, а британското списание „Татлер“ го вброи меѓу ѕвездите во подем на европската благородничка сцена.

Стекна слава преку ноќ

„Едноставно објавив на Тик-ток видео од мојот работен ден сосема обични работи што ги правев таму. По два дена, видеото имаше повеќе од два милиони прегледи, а луѓето одеднаш почнаа да зборуваат за мојот изглед“, раскажал Серафим.

Популарноста на Тик-ток предизвика голем медиумски интерес, а обожаватели од цела Европа доаѓале само за да го видат младиот човек за кого сите зборуваат.

„Беше неверојатно, но и лудо“, се сеќава тој. „Доаѓаа од Келн, од Берлин, патуваа со автобус само за да се фотографираат со мене.“ Додава дека пристигнувале и фанови од Австрија, Италија, Полска, Чешка и Франција.

Животот на еден модерен благородник

Роден и пораснат во Минхен, Серафим слободното време го минувал возејќи мотор, скијајќи и тренирајќи во теретана.

„За мене, најважно е човекот да го цени своето тело. Тоа е првото што го добиваш и последното што земјата ќе ти го земе“, објаснува младиот благородник, кој неодамна ја запроси својата девојка Целина.

Откако на 18 години се иселил од дома за да студира фитнес, признава дека имал бунтовна фаза.

„Неколку години бев мал бунтовник. Бев воспитан на многу традиционален начин, но сакав да го искусам животот и да го живеам на свој начин“, споделува тој. Неговиот живот, според Инстаграм, е комбинација од благородна елеганција и секојдневна едноставност.

Поврзаност со царицата Сиси

Серафим многу го цени своето славно наследство. Неговиот дедо Штефан, припадник на унгарската гранка на Хабсбурзите, израснал во замок и имал кафена мечка како домашно милениче.

„Кога почнала војната, морале да побегнат. Додека беше жив, ми раскажуваше дека спакувале сè и влегле во стар Мерцедес за да ја напуштат земјата“, вели Серафим.

Особено е горд предок на најпозната австриската царица Елизабета, позната како Сиси.

„Мислам дека доста ѝ личам не била совршена кралица“, вели тој. „Била многу екстравагантна. Сè правела на свој начин. И јас сум таков. Таа беше бунтовничка, вистинска бунтовничка, а многу луѓе не знаат дека имала тетоважа.“

Навистина, царицата Сиси во 1888 година, на 51-годишна возраст, си тетовирала сидро на левото рамо.

Но не ги поврзуваат само тетоважите. И за Сиси, како и за Серафим, здравјето било од пресудна важност.

„Имала сопствена теретана во својата соба. Секој ден тренирала со часови, само за да ја одржува својата фигура“, раскажува тој. „За мене тоа е многу инспиративно. Многу сум горд што сум во роднинска врска со неа.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот