Пандев и Ангеловски/EPA/GEORGI LICOVSKI

ФОТО | Пандев и Мрме: Oд „ти благодарам шефе“ до – шарлатан!

Во денот кога Македонија доби нов селектор, но и кога си замина големиот Васил Рингов, дојде и конфликтот помеѓу Горан Пандев и Игор Ангеловски.

Поранешниот селектор и капитен си разменија жестоки критики, иако не така одамна двајцата беа блиски соработници и едни од лидерите на репрезентацијата која се пласираше на историското Европско првенство во 2021 година.

Исто така токму и Ангеловски беше најзаслужниот што Горан Пандев се врати во репрезентацијата по неговото повлекување. Каков беше нивниот однос во минатото најдобро зборува и објавата на Пандев посветена на поранешниот селектор.

„20.10.2015, прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, стои во објавата на Пандев од 2021 година.

Така од „шефе“, Пандев и Мрме денес дојдоа на „шарлатан“...

Screenshot

Преземено од: Спорт.ком.мк

ФОТО | Седлоски: Ова е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот