ФОТО | Новак Ѓоковиќ ќе стане чичко: Најмладиот брат Ѓорѓе очекува принова

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и неговата избраничка на 12 септември се венчаа во црква во Белград, по што свадбената прославата продолжи во Црна Гора, во познатото одморалиште во Херцег Нови. Иако поминаа само неколку месеци од свадбената прослава, семејствата на младенците се подготвуваат за нова веселба.

Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата сопруга Сашка Веселинов го очекуваат своето прво дете. Среќната вест ја потврди инфлуенсерката на Инстаграм.

„За неполни три месеци во нашето семејство ќе пристигне засилувања, а од тој момент ќе ја имам најважната улога во мојот живот – ќе станам мајка. Долго време не сакав да зборувам за ова тема, избегнував јавни настани, иако од првиот ден сѐ беше во ред со бременоста. Но, за среќата навистина треба да молчите. Сега кога веќе стана очигледно и не можам повеќе да го кријам стомакот, мило ми е што на овој начин можам и со вас да ја споделам најсреќната вест“, напишала таа.

Според написите на српските медиуми младенците издвоиле над 150.000 евра за свадбената прослава

ФОТО+ВИДЕО | Ѓорѓе Ѓоковиќ ја запроси својата сакана Сашка на Калемегдан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот