ФОТО | Нина Бадриќ со драстична промена во изгледот: Хрватската пејачка непрепознатлива

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Хрватската пејачка Нина Бадриќ (51) неодамна реши да направи промена во изгледот. Имено, таа драстично ја скрати косата.

Нина на својот инстаграм-профил објави фотографии на кои ја покажа драстичната промена на фризурата. Пејачката на фотографиите гордо позира со новата фризура во бел свечен фустан и впечатлив накит.

Фото: Instagram / badrich

„Она, кога“, напиша кратко под фотографијата на која позира со својот нов изглед.

Судејќи по коментарите на нејзините обожаватели, промената на Нина им се допадна на многумина.

„Леле, жено, убава си!“; „Боже, како изгледаш“; „Убава“; „Топ фризура“; „Зошто оваа фризура дури сега?“, беа дел од коментарите.

Фото: Instagram / badrich

Инаку, таа неодамна откри дека размислувала и да ја обои косата руса.

„Русокоса повторно или не е прашањето сега. Гласот на народот?“, ги прашала своите обожаватели на стара фотографија на која позира со руса коса.

На нејзините обожаватели, пејачката изгледа како да е најубава со природната боја на коса, па многумина и напишале дека бојадисувањето во руса не е најдобрата одлука.

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

ФОТО | Нина Бадриќ во празнично расположение: Позира покрај елката во краток фустан и „Гучи“ чорапи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот