Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ФОТО | Неверојатното тело на Шерон Стоун: Фановите фасцинирани

Актерката Шерон Стоун ги фасцинираше своите фанови со новите фотографии објавени на нејзиниот инстаграм профил, каде на 63-годишна возраст го покажува своето совршено тело.
Има 63 години, но тоа никогаш не би го претпоставиле по нејзиното фантастично тело и совршено скулптурирани нозе.
Ѕвездата од филмовите „Основен Инстинкт“ и „Казино“ изминатиот викенд објави две свои фотографии во костум за капење лежејќи на карпа покрај океан на непозната локација, истакнувајќи ја својата извонредна фигура.
Црниот едноделен костум за капење со расечено деколте совршено го насочува фокусот на нејзините перфектни нозе, а насловот на фотографијата „Грижата за себеси е битна“ е само дополнителна мотивација за нејзините следбеници.
За кратко време фотографијата доби бројни комплементи во коментари, меѓу кои и од Наоми Кембел, Вера Ванг и Џоели Фишер.
Шерон Стоун неодамна ги објави тајните за својот режим на исхрана и вежбање за „Vogue“, за оние кои можеби се прашуваат како успева да го одржи своето тело во така добра форма. Очигледно таа е постојано активна, и се обидува да вклопи вежби во своите секојдневни активности, како додека седи пред компјутер или додека е во када.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5