ФОТО: Навивачите на Милан го одушевија целиот свет со својата кореографија

Кореографија на сите здравствени работници кои речиси две години се борат со пандемијата на коронавирусот/Милано, Италија/7 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во дербито на 12 коло во најсилното италијанско првенство ремизираа екипите на Милан и Интер со конечен резултат 1:1.

Непосредно пред почетокот на овој натпревар видовме навистина фантастични сцени на трибините на „Сан Сиро“ во Милано.

Милан ја имаше улогата на домаќин и затоа на трибините имаше повеќе навивачи на овој клуб, а оние најверните направија одлична кореографија.

Навивачите на Милан порачаа дека ова е најважната кореографија за оваа сезона бидејќи ја посветија на сите здравствени работници кои речиси две години се борат со пандемијата на коронавирусот.

Оваа кореографија ја воодушеви светската јавност и мора да се признае дека е одлично направено..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот