ВИДЕО: Без победник на дербито Милан – Интер, Лаутаро не реализираше пенал

Ремито на миланските гиганти повеќе во корист на Наполи/Милано, Италија/7 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан ремизираа 1:1 со Интер во „Дерби дела Мадонина“, во 12. коло од италијанската Серија А.

„Нераѕурите“ поведоа во 11 минута откако беше досуден пенал за прекршокот на Туре врз Чалханоглу. Токму поранешниот фудбалер на Милан беше кобен за „росонерите“ и ја затресе мрежата на Татарушану.

Радоста на Интер траеше само шест минути, толку време помина до несреќниот автогол на Де Фрај.

До крајот на полувремето, Интер пропушти одлична можност повторно да биде во водство, откако ударот на Лаутаро од белата точка го одбрани голманот на „росонерите“.

Нешто позабележителната теренска иницијатива на Интер не донесе конкретен ефект, во финишот од мечот Милан се обиде да стигне до голот, а Кеси пропушти одлична прилика кога го промаши целиот гол по стативата на Селемакерс.

На крајот, реми во миланското дерби, кое повеќе е во корист на Наполи, кој претходно ремизираше со Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот