ФОТО | Направила ДНК тест и открила дека 12 години чува туѓо дете

Фото: Фејсбук/ Vanner Johnson

Кога 47-годишната Дона Џонсон од Солт Лејк Сити, САД и нејзиното семејство направиле ДНК тестови, не можеле да замислат каков шок ќе доживеат кога ќе ги добијат резултатите.

Резултатите покажале дека нејзиниот сопруг Ванер е татко на нивниот најстар син, додека таткото на најмладиот не бил познат.

„Очајно се обидов да разберам што се случува и како е можно, а потоа сфатив дека сигурно имало забуна во клиниката каде што го правевме вештачкото оплодување“, изјавила Дона за „Сан“ (The Sun).

Фото: Фејсбук/ Vanner Johnson

Својот сопруг Дона го запознала во средно училиште. Тие се венчале во 2003 година и го добијле синот Ванер Џуниор, кој сега има 18 години. Тие едвај чекале да имаат уште едно дете, но Ванер добил стомачни проблеми и морал да прави операција, која предизвикала штета што значела дека нема да можат да зачнат дете по природен пат.

Во март 2007 година, тие го направиле својот прв обид за вештачко оплодување со помош на јајце клетките на Дона и спермата на Ванер. Првиот пат не било успешно, но вториот обид успеал.

„Кога се роди нашиот син Тим во август 2008 година, изгледаше како чудо. Како и многу браќа и сестри, момчињата беа различни“, изјавила Дона.

Ванер Џуниор ги имал сините очи и светлата коса на татко му, додека Тим ја имал темната коса на мајка му.

Фото: Фејсбук/ Vanner Johnson

„Бевме среќно семејство и Ванер ги обожаваше двете момчиња“, продолжува Дона. Еден ден кога децата пораснале, за забава решиле да направат ДНК тест за да дознаат повеќе за нивното наследство. Шест недели подоцна, во август 2019 година, ги добиле резултатите и почнале да се прашуваат кој е биолошкиот татко на Тим и дали може да им го одземат.

Тие контактирале со адвокат кој ги уверил дека ќе останат законски родители на Тим, што било огромно олеснување. Но, Дона се мачела да гледа како Ванер се помирува со фактот дека Тим не е негов биолошки син.

„Тој не го смени односот со Тим, но можев да кажам дека е во шок. Потонав во депресија и ми беше тешко да се фокусирам на мојата работа како учителка“, изјавила Дона.

Со помош на советник, тие решиле да му ја кажат вистината на Тим, кој тогаш имал 12 години, мислејќи дека ќе биде полошо ако дознае како возрасен.

Фото: Фејсбук/ Vanner Johnson

Неколку недели подоцна, Тим рекол дека сака да го најдат неговиот биолошки татко. Родителите ја почитувале неговата одлука, но биле загрижени што може да се случи. Користејќи друг ДНК тест, пронашле жена за која мислеле дека е биолошка тетка на Тим. Со повеќе истражување откриле блог напишан од нејзиниот брат, човек по име Девин Мекнил, кој живеел во Колорадо. Видоа дека е оженет и има деца. Тие го нашле бројот на Девин на интернет и знаеле дека овој повик ќе им го промени животот. Во март 2021 година, Ванер се јавил на бројот.

Девин бил разбирливо скептичен, но се согласил да направи ДНК тест, кој потврдил дека тој е татко на Тим.  Тим бил возбуден кога му кажале дека го нашле неговиот биолошки татко, а двајцата се сретнале во јуни 2021 година во парк во близина на нивниот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот