ФОТО | Најпровокативно досега: Од деколтето на Сaлма Хаек ќе ви се сврти во глава

Фото: Инстаграм

Сaлма Хаек (56) заедно со сопругот Франсоа Анри присуствувала на гала настанот LACMA Art+Film во Лос Анџелес во фустан кој само таа може да го долови.


Имено, ѕвездата на филмовите „Desperado“ и „Frida“ се одлучила за сексапилна тоалета на „Гучи“ – тесен фустан кој максимално ги истакнал сите нејзини атрибути. Светкавата, омбре зелено-розова креација го истакнала нејзиното деколте до максимум, додека со дискретен ремен се погрижила и нејзината половина да биде нагласена.


Да потсетиме, Сaлма неодамна гостуваше во емисијата „Red Table Talk“ што ја води Џејда Пинкет Смит (49) и зборуваше за менопаузата, но и за зголемувањето на градите, а во таа прилика изјави:

„Многу луѓе мислат дека ги зголемив градите и не ги обвинувам затоа што порано беа помали. А и остатокот од моето тело беше помало“, изјавила Сaлма за некои добри страни на менопаузата.

„На некои жени им се намалуваат, но постојат жени кои добиваат неколку килограми и им растат градите. И на жените што дојат им растат градите. Едноставно, јас сум една од тие жени и во сите тие ситуации градите ми растеа“, додала Салма.

ФОТО | „Немам силикони“: Салма Хајек откри зошто градите и изгледаат поголеми

ФОТО: Селма Хаек на градите истетовира големи цветови, сончогледи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот