ФОТО | Најголемиот секс симбол на денешницата: Сидни Свини објави фотографии во костим за капење, социјалните мрежи „експлодираа“
Американската актерка Сидни Свини (26) го освои Холивуд со својата улога во серијата „Еуфорија“ („Euphoria“), а денес важи за едно од најпознатите актерски имиња во светот. Во последните пет години, многумина останаа восихитени од нејзиниот талент, но и од нејзината убавина што го одзема здивот.
Препорачано
Поради ова, Свини го носи епитетот „секс симбол на денешницата“, а по успехот на „Еуфорија“ – улогите само ѝ се нижат во серија.
Актерката сега ги почести своите фанови со нови фотографии кои го потврдуваат тој прекар. Таа позирала покрај езерот за време на одморот со пријателите, а задниот дел ѝ е во преден план.
„Мислам дека ова го нарекуваат ‘стапица за внимание’“, напиша таа во описот на фотографиите што ги сподели на својот инстаграм-профил.
Овој термин, кој на англиски гласи „thirst trap“, се однесува на фотографии или изјави кои имаат за цел да привлечат внимание или да ги натераат луѓето сексуално да се заинтересираат за она што го гледаат.







