ФОТО | Илон Маск во нов конфликт со тинејџерот што му го „загорчува“ животот

Фото: ЕПА/ЕФЕ/Твитер

Тинејџерот кој го следи приватниот авион Илон Маск има план Б ако милијардерот му го избрише профилот на Твитер.

Џек Свини направи профил @ElonJet, кој ги следи движењата на приватниот авион на шефот на „Спејс Икс“ и „Тесла“. Исто така, објавува ажурирања на податоци во реално време, користејќи јавно достапни податоци.

Ова 19-годишно момче доживеа експлозија на популарност претходно оваа година кога беше објавено дека Маск му понудил 5.000 долари за целосно да го отстрани споменатиот профил поради безбедносни причини. Студентот од Универзитетот во Централна Флорида (UCF) рекол дека бара 50.000 долари за тоа. Маск одлучил да не му плати, па го блокирал.

Со оглед на тоа што Маск неодамна го презеде Твитер, многумина со право се прашуваат што ќе се случи со профилот на Свини сега. Во случај Маск да го згасне, Свини има резервен план.

Извршниот директор на „Тесла“ неодамна склучи договор за купување на Твитер за 44 милијарди долари, а тоа го принудило Свини да се префрли и на други платформи. На Твитер, каде што го следат 428.000 луѓе, споделил линкови до своите профили на Фејсбук, Инстаграм, Телеграм и на другите платформи.

„Во случај овој профил да исчезне од Твитер, тоа не значи крај на ElonJet“, напишал тој.

Тинејџерот зборуваше за „Гардијан“ претходно оваа година и рече дека на почетокот направил профил затоа што бил обожавател на Маск и никогаш не помислил дека поради сето тоа ќе влезе во преговори со најбогатиот човек на светот.

„Создадов профил затоа што навистина сум заинтересиран за Илон Маск, „Тесла“ и „Спејс Икс“ – и ми беше интересно да видам каде оди и со која работа се занимава“, рекол тој.

„Му побарав 50.000 долари, тој рече дека ќе размисли. Минатата недела тој ми одговори дека не е во ред да се плати за да се затвори, а потоа ме блокираше“, додал тогаш Свини, нагласувајќи дека парите ќе ги потроши на факултет, но можеби и ќе купи Модел 3 на „Тесла“.

Во меѓувреме, тој отворил уште еден профил на Твитер на кој ги следи авионите на руските олигарси среде војната помеѓу Русија и Украина, објави Bloomberg News.

Кој е тинејџерот што ги следи светските милијардери Маск, Гејтс, Безос и – Дрејк?

Кој е тинејџерот што ги следи светските милијардери Маск, Гејтс, Безос и – Дрејк?

Илон Маск му понудил 5.000 долари на тинејџер за да престане да го следи неговиот авион, тој побарал 50 000 долари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот