Кој е тинејџерот што ги следи светските милијардери Маск, Гејтс, Безос и – Дрејк?

Тинеџерот Џек Свини, бара од сопственикот на Тесла, Илон Маск да му плати 50.000 долари бидејќи во спротивно му се заканил дека ќе ја открие локацијата на приватниот авион на милијардерот. 

Свини обелоденил дека создал десетици други налози кои ги следат основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, сопственикот на Амазон Џеф Безос и раперот. Дрејк.

Џеф Безос Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Свини, 19-годишен студент и ентузијаст вљубеник во авијацијата , рече дека создал 16 автоматизирани Твитер налози , или „ботови“, кои ги следат приватните авиони на милијардерите.

Во интервјуто дадено за „Гардијан“, Свини изјавил дека создал веб-страница, наречена Граунд Контрол (Ground Control), која ја „монетизира“ услугата нудејќи приспособени услуги с кои им се овозможува на суперфановите да ги следат познатите личности.

„Или се навистина истакнати луѓе или се премногу интересни. Ги следам оние луѓе чии обожаватели тоа го бараат од мене“, изјави Свини.

Тој додава дека е најзаинтересиран да го следи раперот Дрејк, кој поседува еден од најголемите авиони – Боинг 767-200ЕР.

Дрејк Фото: Профимедиа

Авионот на раперот е долг 17 метри, вреден 185 милиони долари и може да превезува 216 патници.

Свини, кој го создаде профилот @ElonJet, со кој го следи авионот на Илон Маск, во јуни 2020 година. изјавил дека се надевал дека Маск ќе сака да купи овој налог со кој е следен , но извршниот директор на Tesla ја одбил понудата од 50.000 долари која ја барал тинејџерот.

Маск, најбогатиот човек во светот со проценето богатство од 220 милијарди долари, го повикал Свини веднаш да го избрише налогот со кој е следен.

Илон Мас
Илон Маск/ Фото EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Можете ли да го тргнете ова? Тоа е безбедносен ризик. Не сакам да ме убие некој лудак, напиша Маск во директната порака до тинејџерот.

Свини рече дека добивањето директна порака од Маск, кого тој го опиша како свој идол, било надреално искуство.

„Отидов да спијам и се случи. Беше лудо“, рече Свини. Според неговите зборови, Маск му понудил само пет илјади долари.

„Го прашав Маск дали има шанса понудата да се зголеми на 50 илјади долари. Тоа би ми овозможило да купам автомобил, можеби дури и Tesla Model 3“, изјавил Свини за Гардијан.

Instagram
Instagram

Свини му рекол на Маск и дека доколку не сака да плати, може да го избрише налогот за следење во замена за да му се овозможи стажирање во Тесла.

„Тоа беше последното нешто што му го кажав на Маск, а потоа ме блокираше“, изјави Свини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот