ФОТО| Мишел по средбата со Рама: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел оствари одвоени средби со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Рама на Фејсбук само кусо напиша дека се сретнал објавувајќи фотографии од средбите.

По средбата со премиерот Рама во Брисел, објава имаше Мишел кој напиша дека  разговарале за патот по кој оди Албанија кон ЕУ и за поддршката што ќе ја понуди Советот на Европа.

Тој во својот статус со порака   дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ.

„Со Еди Рама разговаравме за патот на Албанија кон ЕУ и за нашата поддршка на тој пат. Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Ја поздравив и иницијативата да биде домаќин на регионалниот самит Западен Балкан-Украина во Тирана. ЕУ е благодарна за поддршката на Албанија и регионот за Украина“, пишува Шарл Мишел, јави Еуроњуз Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот