ФОТО | Мицкоски ги собра политичарите и верските лидери на посна предвелигденска трпеза
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во хотелот „Дабл три“ во Скопје организираше „велигденски ручек“ на кој ги повика политичките и верските лидери, соработниците и новинарите.
Препорачано

Настанот, на кој се служеле посни јадења, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, бил доста посетен.



„Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон традицијата. Овој значаен настан ги обедини претставниците на институциите и општествениот живот во едно заедничко славење на вредностите што Велигден ги носи – надежта, љубовта, простувањето и новиот почеток. Во атмосфера на меѓусебно разбирање и почит, се испрати силна порака за единство, солидарност и заедничка грижа за доброто на сите. Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици и да изградиме подобра иднина за нашата држава. Со оваа свеченост, уште еднаш се потврди определбата за негување на традицијата и зајакнување на заедничките вредности што нè поврзуваат како народ“, напиша премиерот на „Фејсбук“.

На „велигденскиот ручек“ присуствуваа и претседателката Гордана Силјановска Давкова, претставници на дипломатскиот кор, како и претседателот на Собранието, Африм Гаши.


