ФОТО | Миа Костова: Кога ме стига паничен напад и се прашувам дали ќе умрам на масава!

Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за личност која нема проблем да сподели приватни и интимни детали од сопствениот живот.

Несомнено е дека Миа има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние, но поради веќе препознатливата брутална искреност за секојдневни теми, од јавниот како и од приватниот живот ги доби симпатиите на нејнзите фанови на социјалните мрежи.


Костова секогаш е искрена кога е во прашање менталното здравје, а притоа и за нејзината психолошка состојба. Живееме во бурно и динамично време, а паничните напади се борба со која се соочуваат многу лица независно од пол, возраст и секако животно искуство.

Миа со цел да им помогне на сите кои живеат со панични напади, анксиозност, депресивни мисли… отворено зборува на тие теми и споделува како таа се чувствува со цел да допре до сите на кои им е потребна таа поддршка, а притоа и да ги охрабри да побараат помош од стручно лице, семејството и пријателите.


Тоа е обемна и сериона тема на која Миа неодамна проба да допре до многу корисници на социјалните мрежи со вклучување во живо и одговарање на анонимни прашања поврзани со менталното здравје во придружба на гешталт психотерапевт.

Секако, на моменти сето тоа знае да го пренесе на интересен и хумористичен начин, со цел повторно да ги охрабри сите свои следбеници кои се соочуваат со овој проблем да не се обесхрабруваат и секако да се борат.

Фото: Принтскрин / Instagram

Неодамна на својот инстаграм профил Миа објави едно кратко видео на кое покажа како се чувствува кога доживуваат паничен напад, но секако во нејзин стил и малку хумор во целата ситуација.

Кога ме стига паничен напад и се прашувам дали ќе умрам на масава, стои во описот на објавата на Миа која успеа да расположи многумина, но и да помогне на поголем број луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот