ФОТО: Меџити, Беџети и Јакимовски свечено отворија џамија во Нерези

Пратеникот од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, објави фотографии од свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези.

На отворањето, покрај градоначалникот на соседната општина Сарај, Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош,
Стевчо Јакимовски.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница (ИВЗ), како и претставници на МПЦ-ОА од манастирот Свети Пантелејмон.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

„Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓу другото, напиша Меџити на Фејсбук.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот