ФОТО | Марк Ентони се ожени со најубавата жена на светот: Четврти брак на славниот пејач

Латино ѕвездата Марк Ентони (54) вчера се ожени по четврти пат, а невеста е манекенката и мис Парагвај Надја Фереира (23), учесничка на елитното натпреварување Мис Универзум. Музичарот на убавицата ѝ подари огромен прстен со дијаманти за свршувачката.
View this post on Instagram
На венчавката присуствуваа неговите синови Кристијан (21) и Рајан (19), кои ги доби со првата сопруга, манекенката Дајанара Торес. Ентони подоцна беше во брак со Џенифер Лопез од 2004 до 2011 година, а официјално се разведоа во 2014 година.
Меѓутоа, нивните близнаци не беа на свадбата на нивниот татко, наместо тоа го поминаа викендот со Џенифер и нејзиниот нов сопруг Бен Афлек.
View this post on Instagram
Џенифер во неколку наврати нагласи дека и покрај разводот има многу пријателски односи со Марк, дека заедно ги воспитуваат децата и дека тој дури ѝ е „најдобар пријател“. Меѓутоа, ниту таа не беше на свадбата вчера.
View this post on Instagram
На венчавката на Марк и Надја се појавија бројни ѕвезди како Малума, Салма Хаек и Викторија Бекам, додека кум беше самиот Дејвид Бекам. Деверуша на убавата Надја, инаку позната како Мис Парагвај, беше Марија Елена Торуко, снаа на најбогатиот човек во Мексико.
View this post on Instagram
Инаку, Марк откако се разведе од Џенифер, се ожени со манекенката Шенон Де Лима од која се разведе три години подоцна.
Марк и Надја првпат во јавност беа видени заедно во 2021 година, а се свршија во мај, минатата година.
ФОТО | Петти обид: Марк Ентони ја запроси 30-години помладата манекенка
ФОТО | Џеј Ло ги менува бившите партнери како чорапи: По Афлек, сега е „уловена“ со друг поранешен