ФОТО | Маја Кикириткова прослави 8 години брак со сопругот: „Љубовта е нашиот компас“
Модната дизајнерка Маја Кикириткова денеска има посебен повод за радост – со сопругот Александар прославуваат осум години брак и десет години љубов.
Препорачано
По тој повод, таа сподели неколку фотографии, дел од нив од денот на венчавката, а дел направени денес, проследени со емотивна порака.
„Десет години пловиме кон мирно и немирно море, осум години како кажавме засекогаш ‘да’. Имало многу падни-стани, но едно знам – љубовта е наш компас. За годините кои следат…“, напиша Кикириткова.

Реакциите на следбениците не изостанаа, па добија честитки и пораки со убави желби за уште многу години хармонија и љубов.
Маја и Александар, кои ги имаат синот Лазар и ќерката Ева, важат за едно од најскладните семејства на домашната јавна сцена.
Во интервју за „Слободен печат“, Кикириткова искрено зборуваше за огромната поддршка што ја добива од сопругот.
„Од сопругот имам огромна поддршка, затоа и во животот успешно качувам скалило по скалило. Всушност, заедно се качуваме, некогаш ќе застанеме, едниот ќе сака да се симне, но другиот нема да му дозволи, ќе го грабне за рака и ќе го турне нанапред“, изјави таа за „Слободен печат“.
Интервју со Маја Кикириткова модна дизајнерка: Од страв никогаш не се осудив да родам трето дете


