ФОТО | Која е жената што го гушкаше Меси по финалето? Сите мислеа дека е мајка му…

Фото: Твитер/Sergio Chouza

Откако Аргентинците го прекинаа „постот“ од 36 години без освоено Светско првенство, интернетот беше преплавен со сцени од Лионел Меси, кој освен со сопругата и децата, според првичните информации, на теренот разменуваше емотивни прегратки и со својата мајка.

Фото: Твитер

Сепак, аргентинските медиуми ја донесоа другата страна на приказната и нагласија дека се работи за грешка и го открија вистинскиот идентитет на жената со која Меси ја прослави големата победа.

Фото: Твитер

Се појавија многу шпекулации за тоа која е мистериозната жена, а некои веруваа дека станува збор за член на семејството на Меси со оглед на нежноста на прегратката. Сепак, извештаите во Аргентина наведуваат дека таа е вработена во националниот тим.

Станува збор за Антонија Фариас, 42-годишна жена која долги години е готвачка во аргентинската репрезентација, а очигледно развила многу добар однос со играчите. Таа била составен дел од походот на Копа Америка минатата година, како и на титулата Финалисима на Вембли.

Антонија отишла да готви за тимот и во Катар за Светското првенство – четири години откако го стори истото во Русија на последното финале.

Се вели дека готвачката е многу сакана од тимот, и поради нејзините кулинарски вештини и поради односот со екипата.

Според аргентинскиот весник „Clarin“, Фаријас е готвачка во националниот тим во последната деценија и редовно патува со тимот, пишува „Дејли мејл“.

Македонката Симона Аврамова го нашминка Лионел Меси на култната фотографија со Кристијано Роналдо

ФОТО+ВИДЕО | Tурскиот готвач Нусрет на мета од критики: две години не ја посетил мајка си, каква срамота!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот