ФОТО | Кисела Вода уште го „прославува“ Водици

Фото: Слободен печат

На улиците низ општина Кисела Вода може да се видат црковни знамиња. Како што информираат од Општина Кисела Вода, за Слободен печат, знамињата биле поставени од страна на донаторот на овогодишната прослава на христијанскиот празник Богојавление-Водици.

Иако помина месец и половина од прославувањето на христијанскиот празник Богојавление-Водици сепак црковните знамиња не се извадени и висат над улиците низ Кисела Вода.

Од Кисела Вода велат дека доколку на граѓаните им пречат црковните знамиња, ќе апелираат истите да бидат отстранети.

„Се работи за знамиња поставени од страна на донаторот за време на празникот Водици, кој масовно се прослави во Општина Кисела Вода. Доколку на граѓаните тоа им пречи, ќе апелираме да бидат отстранети“, велат од Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот