(ФОТО) Изгоре ловечката куќа на Пелистер, пожарот не бил пријавен

Фото: ТВ Тера/Сашо Ставрев

Вчера се запалил и целосно изгорел планинарскиот дом „Широка“ или познат и како „Ловечка куќа” на Пелистер, а на социјалните мрежи денес беа објавени фотографии на кои може да се забележи дека е целосно изгорен покривот од објектот, од кој се останати само ѕидовите.

Ова се фотографии кои ги објави битолскиот фотограф Сашо Ставрев, пренесе телевизијата Тера. За пожарот планинарите побарале информација од Противпожарната служба на Битола, од каде што им одговориле дека кај нив нема пријава за било каков пожар.

Фото: ТВ Тера/Сашо Ставрев

Планинарскиот дом е сместен на околу 1940 м надморска висина, покрај макадамскиот пат кој води до врвот Пелистер. Опкружен со прекрасна природа, а тој е одлична дестинација за кратки пешачки и велосипедски екскурзии, или како попатна станица за посетителите чија крајна цел се Големо езеро или врвот Пелистер.

Видео на денот