Фото: Инстаграм/Чуандо Тан

ФОТО | Има 59 години, а изгледа како момче: Фотографот Чуандо Тан ја откри тајната на својот младолик изглед

Додека многумина стареењето го доживуваат како неизбежен пад на енергијата и здравјето, сингапурскиот фотограф и поранешен модел Чуандо Тан со години покажува дека дисциплинираниот начин на живот може значително да го забави тој процес. Тој стана глобално препознатливо лице кое „не старее“, задржувајќи физичка форма и кожа поради кои многумина го мешаат со човек во доцните дваесетти години, пишува „Фајненшал експрес“.

Според „Стрејтс тајмс“, неговиот изглед не е резултат на тајни медицински процедури, туку на строга посветеност на специфичен начин на живот. Тан верува дека физичкиот изглед директно зависи од грижата за здравјето. Со балансирана исхрана, редовна физичка активност, доволно сон и ментална стабилност, тој одржува ниво на форма што е невообичаено за мажи на негова возраст.

Фото: Инстаграм/Чуандо Тан

Тан смета дека 70 проценти од неговиот изглед се должат на исхраната, а 30 проценти на вежбањето. Храната, според него, е клучниот фактор во процесот на стареење.

Како што пренесува „Дејли мејл“, денот обично го започнува со појадок богат со протеини – шест јајца. За да го контролира холестеролот, консумира само две жолчки, а појадокот го комбинира со чаша млеко, понекогаш додавајќи авокадо или бобинки.

За ручек и вечера избира едноставна, природна храна. Најчесто јаде печено пилешко со интегрален ориз и печен зеленчук или бистра рибја чорба. За „Си-eн-eј Лајфстајл“ изјавил дека избегнува преработени шеќери, кафе, алкохол и пушење, бидејќи смета дека овие навики поттикнуваат воспалителни процеси и го забрзуваат стареењето.

Последниот оброк во денот го завршува најмалку пет часа пред спиење, за телото да може да се фокусира на клеточна регенерација, наместо на варење.

Фото: Инстаграм/Чуандо Тан

Иако многумина претпоставуваат дека поминува цел ден во вежбалница, Тан нагласува дека доследноста е поважна од интензитетот. Според „Индијан експрес“, тренира три до пет пати неделно, во сесии од 30 до 90 минути.

Фокусот му е на сложени вежби како клекнувања и склекови, со цел да ја одржи мускулната маса. Бидејќи се приближува кон 60 години, предупредува дека кревањето тешки тегови може да доведе до повреди, па затоа претпочита активности со помал удар, како пливање, кое го практикува речиси секоја вечер околу еден час.

Опoравувањето е подеднакво важно. За „Вог Сингапур“ изјавил дека се труди да спие најмалку осум часа и да легне до 23 часот. Според него, внатрешниот стрес има големо влијание врз тоа колку брзо човек изгледа постар, па затоа останува фокусиран на креативната работа и позитивниот начин на размислување.

Негата на кожата му е едноставна – користи благ чистач и хидратантна крема секојдневно. Иако ја бојадисува косата за да ги прикрие седите влакна, нагласува дека не се подложува на пластични операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот