ФОТО | Игор Џамбазов со малку поинаква објава: Денес, после тешка и крвава битка

игор џамбазов
Фото: Принтскрин / Instagram

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии од неговиот приватен живот, спомени од минатото, поздравува пријатели, поддржува и бодри свои колеги.

Овој пат Џамбазов на својот инстаграм – профилот објави фотографија од една како што вели, тешка и крвава битка.

„Денес, после тешка и крвава битка, се простивме од забот што не измачи тројцата“, напиша Игор во описот на фотографијата, испраќајќи благодарност до неговите двајца нови пријатели.

 

Неговата објава секако не пројде незабележана од неговите бројни обожаватели и пријатели, а истата доби повеќе од 4.200 „лајкови“ и лавина коментари.

Ах да знаеше забот да зборува, што ли ќе кажеше“, „Истата борба ја имав денес, потполно те разбирам“, „Доаѓа нов заб имплант“, „Фрли го на кровот на куќата за да ти порасне нов заб“, беа само дел од хумористичните коментари, а имаше и такви кои го прашаа шоуменот дали планира да го стави забот на лицитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот