ФОТО: Ибрахимовиќ го избра својот тим од соништата!

Фото: facebook.com/ACMilan

Шведскиот фудбалски напаѓач уште еднаш ја насмеа јавноста со својата нова објава на „Инстаграм“.

Златан Ибрахимовиќ игра во фантастична форма, а во неделата повторно ги воодушеви сите со своите перформанси во Неапол кога постигна два гола во победата на Милан против Наполи на Елиф Елмас.

39-годишниот напаѓач оваа сезона до сега одигра шест натпревари во Серија А и веќе постигна 10 погодоци, воедно е и најдобар стрелец во Италија.

Ибра повторно ги насмеа сите објавувајќи на Инстаграм бидејќи имал задача да го избере својот тим од соништата.

Но, тој наместо другите, реши да се стави самиот себе на секоја позиција на теренот.

Фото: Инстаграм/iamzlatanibrahimovic

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот