ФОТО | Фулам ќе ја има најлуксузната трибина во Премиер лигата

Фото: fulhamfc.com

Eкипата на Фулам можеби не е помеѓу гигантите во Премиер лигата, но овој тим веројатно ќе ја има најлуксузната трибина во англискиот фудбал.

Имено, денеска англискиот клуб го претстави изгледот на новата „Премиум трибина“ на стадионот „Кревен Котиџ“. Над реката Темза се спрема ексклузивен простор на три ката кој помеѓу другото ќе содржи базен и два ресторани.

Архитектите кои стојат зад проектот веќе работеле на нешто слично на познатата „Сфера“ во Лас Вегас. Фулам во овој момент се наоѓа на 12-тата позиција во Премиер лигата, сигурни се кога во прашање е битката за опстанок, но и далеку од позициите кои водат во европските натпреварувања.

Фото: fulhamfc.com
Фото: fulhamfc.com
Фото: fulhamfc.com

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот