ФОТО | Емотивно: Хајди Клум сподели ретки семејни моменти од посетата на синот, недостасуваше само таа
Синот на Хајди Клум, Хенри, овој викенд имаше посета од своето семејство во кампусот, во кој живее од неодамна. Педесет и едногодишната Клум, која има 4 деца со поранешен сопруг, пејачот Сил, го изненади својот син кој започна ново животно поглавје запишувајќи се на колеџ.
Препорачано
Клум сподели галерија од фотографии на социјалните мрежи со која објави дека е во посета на Хенри, а сето тоа го украси со емотикони, срциња.
View this post on Instagram
Братот на Хенри, Јохан и сестрата Лу се придружија на забавата, а друштво им правеше и нејзинот сопруг Том Каулиц. Недостасуваше само најстарата ќерка, Лени Олуми Клум, која напредуваше во манекенската кариера и е ангажирана на проектите на кои работи.
Дека семејството поминало одличен викенд, говорат и фотографиите од вкусните гозби и насмеаните лица.
Она што е неверојатно е и односот на Каулиц со децата на Хајди. Може да се забележи дека тој има близок однос со нив, а за тоа говорат и фотографиите на кои тој го украсува домот на Хенри.
Инаку, Хајди и Сил успеаја да ја задржат својата приватност кога станува збор за нивните деца, сепак додека Лени ужива да биде во центарот на вниманието со 1,9 милиони следбеници на Инстаграм и одлична манекенска кариера, Хенри сепак се држи настрана од јавниот живот.
Хајди не го означи Хенри во објавата, но го следи на Инстаграм. Младиот студент има нешто повеќе од 7.000 следбеници, а профилот речиси и да нема објави. Времето ќе покаже што го очекува Хенри и неговите помали браќа и сестри, бидејќи сè што се знае за нив е дека имаат ангелски глас како нивниот татко.


