ФОТО | Џулија Робертс на насловната на британскиот „Вог“: Актерката откри зошто никогаш не снимила голи сцени

Џулија Робертс
Фото: Инстаграм/Британски „Вог“

Американската актерка Џулија Робертс (56) се најде на насловната страница на британското издание на списанието „Вог“, а во интервјуто со Ричард Кертис откри кој филм за малку не го снимила и зошто никогаш не се соблекла пред камерите.

Во текот на нејзината актерска кариера, една од најтешките задачи ѝ било снимањето на филмот „Нотинг Хил“ („Notting Hill“) во 1999 година. Робертс ја играше главната улога во оваа романтична комедија, заедно со британскиот актер Хју Грант.

„Бев толку засрамена. Мислам, сме зборувале за ова толку многу пати, но речиси не ја прифатив таа улога бидејќи ми се чинеше… О, едноставно ми изгледаше толку непријатно. Не знаев како да ја одглумам таа личност“, објасни холивудската ѕвезда.

Џулија Робертс и Хју Грант во „Хотинг Хил“
Џулија Робертс и Хју Грант во „Хотинг Хил“ / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Имала проблеми и со облеката што морала да ја носи во тој филм.

„Мојот возач, милиот Томи, го вратив во мојот стан тоа утро. Реков: ‘Оди во мојата спална соба и земи го ова, ова и ова од мојот плакар’. А тоа беа моите сопствени апостолки, моето слатко сино здолниште, мојата маица и мојот кардиган“, рече таа.

Фото: Инстаграм/Британски „Вог“

За голотијата на големиот екран, актерката објасни дека жените секогаш чувствуваат притисок поради тоа и дека нејзиниот избор се раководи од нејзината одговорност кон другите жени.

„Знаете, никогаш не треба да критикувате туѓ избор. За мене одлуката да не се соблечам во филм или да бидам ранлива на физички начин е избор што го направив за себе“, призна таа и додаде дека подоцна решила да не снима голи сцени заради децата.

„Знаеш дека тоа не го правам, па ако сакаш да ме замолиш да направам нешто такво, мора да знаеш дека тоа мора да биде модерирано. Јас, како мајка на три деца, така се чувствувам“, рече таа.

Фото: Инстаграм/Британски „Вог“

Инаку, Робертс е во 22-годишен брак со снимателот Дени Модер, а заедно имаат три деца – 19-годишните близнаци, ќерката Хејзел и синот Финеус, и 16-годишниот син Хенри.

ФОТО | Џулија Робертс го прослави 19. роденден на своите близнаци: Сподели досега невидена фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот