ФОТО | Џенифер Анистон и Сандра Булок фатени на место каде не сакаат да бидат видени: „А рече дека не е љубител на инјекции“

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Џенифер Анистон и нејзините блиски пријателки Сандра Булок и Аманда Анка, која е во брак со Џејсон Бејтмен, минатата недела беа видени како излегуваат од ординација за пластична хирургија во луксузно одморалиште во Конектикат.

Џенифер Анистон, Сандра Булок и Аманда Анка го напуштиле „The Retreat At Split Rock“, кој се наоѓа во Гринич, а се работи за специјализирана устанува за стручно подигнување на горниот и долниот дел од лицето, кои чинат од околу 50.000 до 100.000 долари секое, како и за подигнување на веѓите и очите кои се движат околу 30.000 долари секое, пишува „Дејли мејл“.

Тие го посетиле д-р Нил Гордон, кој ја надгледува пластичната и реконструктивната хирургија на лицето. Неговата специјалност е „подмладување на лицето и ринопластика“, според неговата веб-страница, но во понудата се и инјекции како ботокс и кибела.

Сите три биле облечени лежерно, а Анистон носела црн шешир за да го покрие лицето додека излегувале од ординацијата.

Оваа установа ги препорачува сите лифтинзи за најсвеж изглед, а често затегнувањето на лицето се комбинира со други процедури за естетска хирургија, како што се кревање веѓи или очи кои нудат избалансирано, целосно и поприродно подмладување на лицето.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Центарот исто така нуди помалку инвазивни услуги. Тие вклучуваат филери за лице, инјекции со масно ткиво и ботокс, а тука се и „енергетски апарати“ како што се Ulthera, Profound и Ekillis. На веб-страницата се објаснува дека причината за изгледот на остарено лице е последица на дејства на гравитацијата при истегнување на мекото ткиво на лицето. Центарот нуди и Кибела, понов третман кој е хемикалија која раствора маснотии.

Да потсетиме дека Анистон во 2015 година рекла дека не е љубител на инјекции.

– Луѓето мислат дека добивам многу инјекции (ботокс), но јас тоа не го правам. Не велам дека не сум пробала, но гледам дека тоа е лизгав терен. Сите тие козметички работи ми изгледаат смешно – рекла Анистон.

Минатата година, таа повторно зборуваше за тоа што прави за да остане младолика.

Во тоа време, таа рече дека сака инјекции пептиди – станува збор за низи од молекули наречени аминокиселини, кои се „градежни блокови“ на протеините.

И Сандра Булок исто така се отворила за операциите откако беше видена со пополно лице на Оскарите во 2018 година. Потоа зборуваше за тоа колку е отечена поради алергии.

Инаку, Сандра Булок ретко се појавуваше во јавноста откако нејзиниот партнер Брајан Рандал се разболе од АЛС во 2020 година. Тој се бореше со болеста три години пред да почине во август 2023 година на 57-годишна возраст.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот