Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО | Докторот ја призна вината за смртта на Метју Пери: Го снабдувал со кетамин, еве колкава казна го чека

Доктор Салвадор Пласенсија, еден од лекарите обвинети во врска со смртта на актерот Метју Пери, се согласил да се изјасни за виновен, според спогодбата со обвинителите поднесена во понеделникот, 16 јуни.

Пласенсија се согласил да се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за незаконско давање кетамин на ѕвездата од „Пријатели“. Тој се соочува со казна затвор до 40 години.

Пет лица беа обвинети минатата година во врска со смртта на Метју Пери. Тројца обвинети веќе се изјаснија за виновни: д-р Марк Чавес, асистентот на Пери кој живеел со него, Кенет Ивамаса и наводниот дилер на дрога Ерик Флеминг. Џасвин Санга, позната под прекарот „кралицата на кетаминот“, се изјаснила дека не е виновна.

 


Пери почина во октомври 2023 година од „акутни ефекти на кетамин“, соопшти обдукцијата во Лос Анџелес. Неговото тело го пронајде Ивамаса. Пласенсија е обвинет дека му обезбедил на Пери кетамин надвор од законските и професионалните граници.

Пласенсија е осомничен дека му дал на актерот кетамин и го научил Ивамаса како да му го инјектира на актерот. Наводно, Ивамаса бил тој што му ја дал на Пери фаталната доза.

Пери е познат по тоа што со години отворено зборувшеа за своите проблеми со зависноста. Тој интравенозно земал кетамин во клиниката како дел од терапијата за депресија и анксиозност.

Според податоците од обвинението и изјавите на федералните обвинители, двајцата лекари му продале на Пери 20 ампули кетамин за 55.000 долари во готово, наплаќајќи му по 2.000 долари за ампула што Чавес ја добивал за само 12 долари.

Метју Пери јавно ја призна децениската злоупотреба на разни супстанции, вклучително и во текот на годините кога го глумеше Чендлер Бинг во хит-серијата „Пријатели“.

Пет лица обвинети за смртта на Метју Пери: „Кралицата на кетаминот“ му продавала дрога, двајца лекари може да одат и во затвор

Која е „Кралицата на кетаминот“ обвинета дека го снабдувала Метју Пери?

Шокантно откритие за смртта на Метју Пери: За три дена примил 27 инјекции кетамин

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот