ФОТО | Добрица Насевиќ ни носи рецепт со интересен трик во тестото: Браунис со кокос и малини

Добрица Насевиќ/Инстаграм
Добрица Насевиќ/Инстаграм

Во „морето“ инстаграм-профили и блогови за храна, се издвојува еден со своето едноставно, но интересно име „Кокарче“, а во описот стои „Бележник од кујната на едно семејство“. Зад него стои Добрица Насевиќ, архитектка која за себе вели дека е голем креативец, од најрана возраст.

Таа овојпат ни сподели рецепт за браунис со малина, но со интересен трик во тестото.

Кокосот во овој рецепт е присутен во форма на брашно (фино мелено, да не се направи забуна со трошки/снегулки!), како шеќер и како масло. На тој начин е избегната потребата да се користи обично брашно и десертот (или ужинката ако мене ме прашувате) станува безглутенски.

Малините се многу добри другарки со кокос и чоколадо, па ги ставив и во смесата што се печеше и при сервирање, вели Добрица.

Состојки:

  • – 45 гр кокосово брашно
  • – 30 гр какао
  • – 150 гр кокосов шеќер
  • – 1/4 лажичка сол
  • – 60 гр кокосово масло
  • – 4 јајца
  • – 1 лажичка рум екстракт или 1 лажица ликер по избор
  • – 120 гр малини (свежи или замрзнати)

За сервирање:

  • – 120 гр малини
  • – 150 мл павлака
  • – 1 лажичка ванила

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kokarche | Кокарче (@kokarche)

Подготовка:

Сувите состојки се мешаат во длабок сад со жица за подеднакво да се распоредат.

Во друг сад се матат јајцата, маслото и екстрактот од ванила.

Двете смеси се соединуваат така што сувите постепено се додаваат во влажните состојки.

Се истура сѐ во калап со димензии отприлика 20х20 см (мојот е 20х22, може да бидат и 2 мали калапи за леб), се редат/набоцкуваат малините и се пече во загреана рерна на 175 степени околу 30 минути.

Сервирајте со изматена павлака и малини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kokarche | Кокарче (@kokarche)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот