ФОТО: Членови на Сојузот на борците и пратеничка положија цвеќе на споменикот на Тито во Битола

Претставници на Сојузот на борци и пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска полагаат цвеќе на споменикот на Тито во Битола / 29 ноември 2021 / фото: ТВ Тера

Претставници на Сојузот на Борци и пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Јосип Броз Тито на Широк Сокак, објави локалната телевизија Тера.

29 ноември во социјалистичка Југославија се славеше како Ден на републиката, кога и Македонија беше дел од заедничката држава СФРЈ.

Претставници на Сојузот на борци и пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска полагаат цвеќе на споменикот на Тито во Битола / 29 ноември 2021 / фото: ТВ Тера

На овој ден во 1943 година во Јајце започнало Второто заседание на АВНОЈ, на кое Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија.

Денот на Републиката, кога на Македонија за првпат ѝ е призната државноста, а таа е вброена како рамноправна членка на идната федерација, се одбележуваше до 1991 година а по распаѓањето на Југославија. Празникот потоа престана официјално да се одбележува во сите држави кои произлегоа од некогашната СФРЈ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот