ФОТО | Белграѓанка разголена се сончала на гробиштата на жртвите на геноцидот

Фото: Фејсбук/ Музеј жртава геноцида

Музејот на жртвите на геноцидот во Белград објави дека Гробиштата на ослободителите на Белград во Втората светска војна е еден од воените споменици кои „постојано се изложени на често и несоодветно однесување на голем број сограѓани“. Како пример ја истакнале девојката која токму таму се сончала, пишува „Индекс.хр“.

„Поради недоволната грижа на одговорните на градско и национално ниво, овој локалитет со текот на времето се претвори во простор за спортување, релаксација, а неодамна и за сончање. Призорот кој го виделе нашите колеги, стручњаците на Заводот за заштита на спомениците ма културата на Белград, сведочи за срамното и апсолутно неприфатливо однесување на еден на нашите сограѓанки кои за сончање ги избраа Гробиштата на ослободителите на Белград во Втората светска војна“, велат со фотографијата.

Тие додаваат дека „непристојно, срамно и недозволиво однесување било забележано од бројни сограѓани на други воени споменици, места за егзекуција и логори на смртта од периодот на Втората светска војна“. Велат и дека „апелирале до одговорните во локалните самоуправи, надлежните министерства и јавните обвинителства, без одлагање да реагираат на ваквите постапки и соодветно да ги санкционираат“.

Многу жители на Белград се согласија со објавата на музејот и ваквото однесување го нарекоа „скандалозно“ во коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот