ФОТО | Беквалац со емотивна порака до ќерка ѝ: Не ни е лесно, но затоа ни е најдобро

Наташа Беквалац и Хана
Наташа Беквалац и нејзината ќерка Хана / Фото: Инстаграм, Наташа Беквалац

Хана Икодиновиќ, ќерката на пејачката Наташа Беквалац и ватерполистот Данило Икодиновиќ, денес го прославува својот 15. роденден. По тој повод, Беквалац ѝ напиша емотивна роденденска честитка која ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

„Мое прво бебе, најголема љубов на мама – нека ти е среќен роденденот. Ти си мојот најголем успех, ти си мојата безусловна љубов, ти си мојата поддршка, ти си мојот сопатник и борец. Ти благодарам што веќе 15 години си мој водич низ животот и ти благодарам што сум твоја мајка. Не ни е лесно, но затоа ни е најдобро! Те сака мама. Горда сум на секој твој чекор. На секој, не заборавај!“, напиша Наташа.

Беквалац честопати го привлекува медиумското внимание поради нејзиниот приватен живот. Од 2006 до 2011 година беше во брак со српскиот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кого ја доби својата прва ќерка Хана во 2007 година. Потоа стапи во брак со ракометарот Љубомир Јовановиќ, а оваа љубовна приказна траеше од 2015 до 2017. Нејзиниот трет и последен брак, засега, беше со ИТ-претприемачот Лука Лазукиќ, а во 2018 година ја роди својата втора ќерка Катја. Сепак, и овој брак заврши откако беше физички нападната од нејзиниот тогашен сопруг, само еден месец откако се породи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот