ФОТО: Бадник и во домот на Заеви, паричката се падна кај премиерот Зоран Заев

Годинава во домот на Заеви, бадниковата трпеза беше најсреќна за премиерот откако паричката се падна кај него.

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица и неговите две деца, Александра и Душко

Празничната фотографија ја сподели неговата ќерка Александра на која напиша „Честит Бадник“, а на истата може да се забележи како премиерот Зоран Заев како ја држи паричката.

Според фотографиите, на премиерот Заев паричката му се „паднала“ во поголема конкуренција, бидејќи освен со своите деца, бадниковата вечера ја прослави и со неговите внуци.

„Среќен Божиќ, од нас до вас“, стои во заедничката фотографија од Александра, Душко, Ева и Панче Заеви.

ГАЛЕРИЈА | Македонските јавни личности на бадниковата трпеза: Кај кого се падна паричката?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот