ФОТО: Атрактивната Хрватка прави хаос на Мундијалот, провокативно и пред мечот со Бразил

Ивана Кнол е најпознатата хрватска навивачка на Светското фудбалско првенство во Катар/фото: instagram.com/knolldoll/

Ивана Кнол повторно беше во центарот на вниманието пред четвртфиналниот натпревар на Хрватска против Бразил на Светското првенство во Катар.

Најпознатата и дефинитивно најатрактивната навивачка на Хрватска, привлече големо внимание кај светската јавност со нејзиното појавување на Мундијалот.

Непосредно пред мечот, кој подоцна го добија Хрватите за пласман во полуфиналето, Кнол објави провоктивна фотографија на социјалните мрежи.

Главната ѕвезда на трибините за време на овој шампионат повторно е во центарот на вниманието.

Хрватката ги „запали“ социјалните мрежи и стана главна ѕвезда на регионалните и светските медиуми откако се појави во атрактивно издание на мечот Хрватска-Мароко, а сега само продолжи во свој стил.

– Ајде да одиме во полуфиналето – беше нејзината најава за дуелот на Хрватска против Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот