ФОТО | Андријана Јаневска стана доктор на науки: Моите истражувања покажаа дека Македонците отсекогаш имале чувство за песна

Фото: Фејсбук/Андријана Јаневска

Македонската пејачка и музичарка Андријана Јаневска сподели дека успешно ја одбранила докторската дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот! Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“, напиша Јаневска во објавата на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Андријана Јаневска

Исто така, таа ѝ се заблагодари и на комисијата, која ѝ дала голема поддршка во целиот процес.

„Голема благодарност до комисијата во состав: проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Горанчо Ангелов.

Секако, најголема благодарност ѝ должам на проф. д-р Родна Величковска, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавање на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа.

Ѝ благодарам на проф. д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија.

Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор“.

Фото: Фејсбук/Андријана Јаневска

Искрено со Андријана Јаневска: Со моторот возам низ цела Македонија, адреналинот си го направи своето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот