Александар Тарабунов / Фото: Инстаграм/Александар Тарабунов

ФОТО | Александар Тарабунов со приказна за татко му Ванчо, ова ќе го стори за него

Александар Тарабунов сподели емотивна објава посветена на својот татко, познатиот пејач Ванчо Тарабунов, за кого ретко зборува во јавноста.

„Среќен роденден, тате“, напиша помладиот пејач покрај нивната заедничка фотографија.

Ванчо Тарабунов наполни 75 години.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Со честитката, Тарабунов најави и нов музички проект, кој има силна семејна симболика. Станува збор за преработка на песната „Права љубов“, компонирана од Драган Ѓаконовски – Шпато, која неговиот татко ја испеал во 1973 година и тогаш станала голем хит.

„Добро запамтете го насловот на песнава што ќе излезе како следен проект од мене. Денес преработена од Роберт Билбилов заедно со мене, а зачинета со снимени пратечки вокали од Тамара Тодевска. Токму заради тоа и велам – добро запамтете го насловот“, напиша Тарабунов.

Неговата сестра Христина Тарабунова е уметница, а музиката очигледно останува силна нишка во семејството.

Пред неколку месеци, Тарабунов изненади и со поинакво сценско издание – настапи во оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус, со ансамблот на Националната опера и балет, каде што е вработен во хорот.

Во 2024 година, за роденденот на својата сакана Калина Поленак, напиша: „Среќен роденден, моја Калина Поленак“. Претходно, за својот роденден во 2023 година, беше на романтично патување во Рим, каде што ја изненади со десерт среде ресторан.

ФОТО | „Прилепското Памуккале“: Александар Тарабунов позираше покрај убавините на Мермерното езеро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот