ФОТО | По ужасните критики, Адријана Лима го покажа лицето без шминка: Знае зошто така изгледа

Фото: Xavier Collin/Image Press Agency / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Бразилскиот супермодел Адријана Лима (42) е забележана во Лос Анџелес во друштво на својата ќерка Валентина, што ја доби со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ. Облечена во хеланки, дуксер и без грам шминка, Адријана го покажа лицето без шминка и згодното тело по три родени деца.

Адријана Лима со ќерката Валентина: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Кога се појави на премиерата на „Игри на гладните“ (The Hunger Games) во ноември, многумина коментираа дека манекенката повеќе не личи на себе и дека естетската хирургија ѝ го уништила лицето.

 

„О, не! Што направила со своето лице? И зошто? Таа беше совршена порано!“, „Не би ја препознал“, се само дел од коментарите што ги преплавија социјалните мрежи по нејзиното појавување на црвениот тепих.

 

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Потоа, Адријана Лима на Инстаграм сподели фотографија од своето лице без шминка и напиша:

„Ова е лицето на изморена мајка на две тинејџерки, активно момче од една година кое учи да оди и три кучиња … ви благодарам на грижата“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во интервју за „Вог“ во 2020 година, Адријана рече: „Кога ќе станеш мајка, тоа менува сè. Убавината и грижата за себе не ти се приоритет. Но, како што моите ќерки растат, сфаќам дека гледаат што правам, воедно и моите навики, и важно ми е да бидам сигурна дека ги копираат добрите навики.“

ФОТО | Адријана Лима во провокативно издание на фестивалот во Венеција: Достоинствено ги истакна облините

ФОТО | Што ѝ се случило со лицето?! Адријана Лима прошета на црвениот тепих и ги шокираше сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот