Формирана комисија за односи меѓу заедниците во Град Скопје

Советот на Град Скопје донесе одлука за формирање Комисија за односи меѓу заедниците со која се обезбедува можноста на сите етнички заедници што живеат на територијата на Скопје да учествуваат во процесот на донесување одлуки и креирање политики.

Комисијата е составенa од по еден претставник на заедниците кои се застапени во градот Скопје, со мандат од четири години. Комисијата, информираат од Град Скопје, е единствена институционална рамка за комуникација меѓу заедниците на локално ниво, не само од аспект на заштита на малцинските права, туку и како можност помалите заедници да учествуваат по прашања за кои Советот треба да одлучува.

Одлуката за формира на Комисијата, Советот на Град Скопје ја донесе на седницата одржана на 27.11.2019 година.

Градот Скопје има законска обврска за формирање Комисија за односи меѓу заедниците, согласно со член 55 став 1 од Законот за локалната самоуправа. Според овој Закон, во општината во која најмалку 20 проценти од вкупниот број жители, утврден на последниот попис на населението, се одредена заедница, се формира Комисија за односи меѓу заедниците. Според став 2 на истиот член, Комисијата ја сочинуваат еднаков број претставници од секоја заедница застапена во општината, информираат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот